За нас

ОК ТРАВЕЛ е формирана во јуни 2013, со единствена цел да го обедини најдобриот know-how, експертиза и искуство во областа на туризмот.

Новите простории и официјален датум на почеток се само продолжување на една успешна приказна што се градеше со години и продолжува да се ткае и понатаму, со истата посветеност и љубов.

Стремејќи се да Ви го понудиме најдоброто, се здруживме во полна форма и енергија, го обединивме најдобриот тим со долгогодишно искуство, додавајќи ја во таа низа страста во работењето како основна алатка за работа, се во насока на овозможување на Вашето врвно задоволство.

Вашите насмевки, споделени мигови и незаборавни доживувања низ призмата на укажаната доверба и лојалност, се нашиот најголем успех и мотив да продолжиме понатаму.

Во рамките на нашето работење Ви нудиме широк спектар на услуги и аранжмани, егзотични дестинации и понуди за сите љубители на патувањата, од летни до зимски авантури, тури, откривања на нови досега недопрени области.

Нашата мисија не е само да Ви го понудиме светот на дланка, туку да Ви го сервираме во своето најдобро издание и светлина.

Не заборавајте дека отсега па натаму имате нов партнер во Вашите патувања, патешествија и уживања, како и лојален пријател кој ќе Ве прати во Вашите нови незаборавни моменти.

Затоа што Вие го заслужувате најдоброто.

Резервирајте го Вашето следно патување со нас, успешната приказна продолжува.